Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.08.2008
Пресметување, задржување и плаќање на персоналниот данок на доход при откуп на земјоделски производи

Во врска со обврската за пресметување, задржување и уплатување на персоналниот данок на доход при исплата за откупени земјоделски производи, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ги информираат граѓаните кои се занимаваат со земјоделста дејност за следното:

1) Приходите на индивидуалниот земјоделец, чие работење не ја надминува земјоделстата дејност од помал обем и е запишан во Регистарот на индивидуални земјоделци при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се оданочуваат според катарски приход, се ослободени од плаќање персонален данок на доход до 31.12.2008 година.

2) Приходите на земјоделците кои се регистрирани како трговец поединец, чие работење ја надминува земјоделската дејност од помал обем и е запишано во Трговскиот регистар, се оданочуваат според вистински остварениот приход. Оваа категорија земјоделци при испораката на земјоделски производи треба да издаваат фактура за секој поединечно остварен промет. Основа за пресметување на данокот е нето – приходот утврден во Даночниот биланс како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи, а данокот и обврската за плаќање се утврдува со Решение на Управата за јавни приходи.

3) Приходите кои ги остваруваат физичките лица кои непријавено (нерегистрирано) вршат земјоделска дејност подлежат на оданочување со персонален данок на доход.
Доколку откупот на земјоделски производи се врши од граѓани (нерегистрирани земјоделци) кои непријавено вршат дејност, при продажбата и откупот на земјоделските производи, млеко, жива стока, жито и слично, откупувачот (исплатувачот на приходите) треба да пресмета и плати персоналниот данок на доход на име на граѓанинот од кој се врши откупот на земјоделскиот производ.
Откупувачот (Исплатувачот) е должен на граѓанинот при секоја исплата на приход да му издаде примерок од пресметката за данокот, како и збирен податок за вкупните исплати и пресметан данок во 2008 година по истекот на годината, а најдоцна до 15 февруари 2009 година.
Приходите кои граѓанинот ги остварил по оваа основа во 2008 година е должен да ги пријави до Управата за јавни приходи, односно треба да пополни Годишната даночна пријава (образец “ПДД ГДП”) која се поднесува најдоцна до 15 март 2009 година во даночните канцеларии на УЈП, според местото на живеење на даночниот обврзник.


Пример:

   Откупна цена (бруто приход)     100 денари
 - Нормирани трошоци                       35 денари
   Нето приход                                     65 денари
   Даночна стапка                               10%         

Износ на персонален данок       6,5 денари

Основа за пресметување на данокот на доход е нето приходот кој го остварил нерегистрираниот земјоделец од продажбата на производите (откупната цена намалена за 35% нормирани трошоци или 65% од откупната цена).
Од 1 јануари 2008 година, даночната стапка со која се оданочуваат приходите кои ги остваруваат граѓаните како физички лица, е намалена на 10%.


 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија