Memorandum_mk
05.07.2013
УЈП со засилени контроли кај приредувачите на игри на среќа

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи ќе вршат засилен инспекциски надзор, во вечерните часови и за време на викенди, кај приредувачите на игри на среќа кои досега требаа да воведат Надзорен информациски систем (НИС) и 24 часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки. На приредувачот кој сеуште нема воведено во функција НИС, ќе му бидат затворени сите деловни единици (објекти) и ќе му биде изречена глоба од 7 илјади евра.

Поради утврдено нелиценцирано приредување на игри на среќа во контролите кои вчера/4 јули/, во вечерните часови се извршени во Гостиварско, даночниците ја запленија целокупната опрема и запечатија објекти на “диви“ обложувалници во с.Дебреште, с. Врапчиште и с.Градец, а против сопствениците поднесени се кривични пријави.

Истовремено, угостителски објект на влезот во Гостивар е затворен за период од 30 дена, поради непоседување на фискален апарат. Во ваквите случаи, законот предвидува глоба од вкупно 3250 евра, која доколку не се плати во рок од 8 дена, казната достигнува 6500 евра. Ако пак, сопственикот не набави фискален апарат во рок од 30 дена, затворањето на објектот се продожува за дополнителни 60 дена.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија