Memorandum_mk
07.03.2013
Трговци поединици и самостојни вршители на дејност - Пријавете добивка и персонален данок до 15 Март

Најдоцна до 15-ти март 2013 година, даночните обврзници на персонален данок на доход за приходите од вршење на самостојна дејност:

  • Tрговци-поединци и
  • Граѓаните кои остваруваат приходи од: стопанската дејност, давање професионални и други интелектуални услуги (нотари, адвокати, стоматолози...), занаетчиска дејност, земјоделска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи

за остварената добивка или загуба од работењето за 2012 година, имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Даночен биланс (образец “ПДД-ДБ”).

Доколку даночниот обврзник, покрај приходите од вршење на самостојна дејност во 2012 година, остварил и други приходи, има обврска да поднесе и Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“).

Начини на поднесување на даночни биланси
Обрасците “Б“ и “ПДД-ДБ“ можете да ги преземете преку веб страницата на УЈП (кликни тука) и да ги доставите во даночните канцеларии на УЈП.
Регистрираните корисници на е-Даноци, даночните биланси може да ги пополнат и достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Казни за неподнесување на даночни пријави
На даночните обврзници кои нема да достават даночни пријави во законски предвидениот рок 15-ти март 2013 година, Управата за јавни приходи ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија