Memorandum_mk
09.01.2013
До 31 јануари - Поднесете годишен извештај доколку сте организатор на зелен пазар

Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај (образец“ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2012 година.
Образецот “ПДД/ГИ-ЗП” може да се преземе преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/128
Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник/организатор на зелен пазар) или по електронски пат преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk најдоцна до 31 јануари 2013 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска.

Непочитување на законските рокови и обврски
Доколку до 31 јануари, организаторот на зелениот пазар не поднесе Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”), законот предвидува глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија