Memorandum_mk
13.11.2012
Даночна aкадемија – TAIEX Работилница „Управување со анализа на ризик“

Скопје - Во соработка со инструментот за техничка помош и размена на информации - TAIEX, на 09.11.2012 година во хотел „Арка“ се одржа еднодневна работилница на тема „Управување со анализа на ризик“.
На работилницата учество земаа вработени во Управата за јавни приходи од секторите за утврдување и наплата на данок, информатичка технологија, генерален даночен инспекторат, услуги на даночни обврзници и даноци, како и од анализа и статистика.
Како експерти од страна на TAIEX присуствуваа: Alix Perrignon de Troyes од Министерството за економија и финансии на Франција, Ernst Radlwimmer од Федерланото министерство за финансии на Австрија и Jani Martikainen од Даночната администрација на Финска.
Македонскиот претставник во своето излагање ја презентираше моменталната состојба на управувањето со анализа на ризик во Македонија, а потоа претставниците од Австрија, Финска и Франција ги презентираа своите пристапи во процесот на управување со анализа на ризик.

 

е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија