Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
31.07.2012
Нови обрасци за фискализација и за ДДВ

Заради побрзо и ефикасно администрирање на барањата на даночните обврзници, УЈП воведува нови обрасци и тоа: 2 во делот на ДДВ и 2 нови обрасци во делот на фискализација. Обрасците можете да ги преземете преку веб страницата на УЈП (кликни тука)

  • Барање за издавање на потврда за регистриран/нерегистриран ДДВ обврзник (образец ДДВ-БП)
    За добивање потврда за регистриран или нерегистриран даночен обрзник за целите на данокот на додадена вредност, поднесете Барање (образец ДДВ-БП) до Управата за јавни приходи.
  • Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01)
    Доколку даночниот обврзник, не по своја вина, бил спречен да го запази законскиот рок за поднесување на Пријавата за регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01) има право да поднесе Барање за враќање во поранешна состојба заради ненавремено поднесена пријава за регистрација за ДДВ (образец БВПС/ДДВ-01).
    Во барањето треба јасно да бидат образложени и веродостојни причините за пропуштање на рокот.
    Рокот за поднесување на барањето е еден месец од денот на престанувањето на причината за пропуштање на рокот или од денот од кој даночниот обврзник дознал за причината за пропуштање на рокот.
  • Пријава за дефект на фискален систем на опрема (образец ФА-ПДФС)
    Во случаите кога има дефект на фискалниот систем на опрема, овластениот сервисер поднесува Пријава за дефект на фискалниот систем на опрема (образец ФА-ПДФС) до надлежната даночна канцеларија на УЈП, заради техничко одржување или сервисирање на апаратот.
  • Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО)
    Во случаите за времен прекин на користење на фискалниот апарат, погрешно внесен износ во фискалниот апарат или друго, даночниот обврзник е должен за истото да ја извести Управата за јавни приходи со поднесување на Пријава за функционалности на фискален систем на опрема (образец ФА-ФФСО).

Користете го е-Даночниот календар - Вашиот годишен потсетник за роковите и обврските за поднесување на даночни пријави и други обрасци до УЈП, кои Ви овозможува преглед на:

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија