Memorandum_mk
20.03.2012
Нови обрасци за достава на извештаи за дадена и примена донација/спонзорства


Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани.

Поднесување на извештај за донација/спонзорство до УЈП

Доколку за донацијата, односно спонзорството се предвидени даночни поттикнувања, давателот и примателот на донација/спонзорство се должни, најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнувањето на Договорот за донација/спонзорство, до Управата за јавни приходи да достават извештаи.
 


Oд 19 март 2012 година, давателите и примателите на донации и спозорства за доставување на извештаите до Управата, треба да ги користат новите обрасци кои се објавени и може да се преземат преку веб страницата на УЈП.

• Извештај за дадена донација/спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ДВ“)
• Извештај за примена донација/спонзорство (образец “УЈП-ИДС/ПР“)

Повеќе информации

• Брошура на УЈП - „Давање и примање на донации и спонзорства“
• Инфо центар УЈП 0800 33 000

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија