Memorandum_mk
15.12.2011
Поради приредување на игри “борби на кучиња“ - затворени седум обложувалници

ТЕТОВО - Во вчерашните контроли во Тетово, мобилните екипи на УЈП затворија 7 обложувалници кои работеле без лиценца и незаконски приредувале игри на среќа со “борби на кучиња“.
Забрана за вршење на дејност поради нелиценцирано вршење на дејност е откриено уште кај 3 обложувалници, со што вкупниот број на откриени нелегални објекти се искачи на 10.

Истовремено, поради неиздавање на фискални сметки и нерегистрирањето на готовинскиот промет на три угостителски објекти изречени им се глоби во износ од 1500 евра, во денарска противвредност.

Приредувањето на спортско обложување “борби со кучиња“ и “коњски трки“ во Македонија не е дозволено. Според сознанијата на УЈП, вакви нелегални активности особено се одвиваат во Тетовско и Гостивар, поради што даночните контроли на УЈП ќе продолжат и во наредниот период. За сите случаи и преземање на соодветни мерки кон приредувачите на “игрите на среќа“ ќе се извести и Министерството за внатрешни работи.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија