Memorandum_mk
16.11.2011
Реакција - Плусинфо (текст: „УЈП им ги даночи парите за породилно отсуство на родилките“)

Во врска со текстот „УЈП им ги даночи парите за породилно отсуство на родилките“ објавен на порталот Плус инфо на 15.11.2011 година, ја информираме јавноста дека начинот, периодот...за оданочување на приходите на граѓаните е точно пропишан во Законот за персоналниот данок на доход. Персоналниот данок на граѓаните, УЈП го утврдува на годишно ниво, односно на приходите кои граѓаните ги оствариле, односно им биле исплатени во текот на една календарска година од страна на работодавачите/исплатувачите на приходи, односно во конкретниот случај за породилното боледување од страна на Фондот за здравствено осигурување на Р.М.

Оттука ако работавачот, фондовите, односно исплатувачите на приходите на граѓаните вршат исплати кои се префрлаат во наредна календарска година, тоа секако влијае и на утврдувањето на данокот и користењето на годишното даночно ослободување по основ на плати/породилно од страна на граѓаните. Наједноставно кажано за секое префрлање на исплати на приходи во наредната година, на граѓаните им се ускратува правото на користење даночното ослободување.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија