Memorandum_mk
02.11.2011
Нова услуга - Плати радиодифузна такса насекаде и во секое време!

Oд 1 ноември 2011 година, граѓаните имаат нова можност - радиодифузната такса да ја плаќаат и во продажните мрежи TOBACCO, Together и 24/7 низ Македонија.

Новата услугата овозможена преку продажната мрежа на ТОБАКО АД е воведена со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на радиодифузната такса.

Без чекање на редици и без сложени процедури, граѓаните можат плаќањето на таксата да го вршат брзо, едноставно и во секое време од денот 24 часа/7 дена во неделата.

Она што е потребно е само да се приложи оригиналното решение за радиодифузна такса во било кое продажно место на ТОБАКО АД, а вработеното лице ќе ја изврши трансакцијата и ќе му издаде фискална сметка на граѓанинот. На едниот дел од решението, вработениот ќе стави печат како доказ дека е извршено плаќањето и заедно со фискалната сметка ќе му ги предаде на граѓанинот.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија