Memorandum_mk
11.07.2011
Нов образец “ДДВ-05/1“

Ги информираме ДДВ обврзниците дека од утре/12.07.2011 година, при поднесување на известување за ДДВ-то содржано во залихите на добра наменети за натамошна продажба пред регистрација за целите на ДДВ, треба задолжително да го користат новиот редизајниран образец “ДДВ-05/1“ кој може да се преземе од веб страницата на УЈП (кликни тука).

Новиот образец со поедноставена содржина е прилагоден за компјутерско пополнување.

Образецот “ДДВ-05/1“ се доставува како прилог кон ДДВ- пријавата (образец “ДДВ-04“) за првиот даночен период и тоа најдоцна до истекот на рокот за поднесување на првата даночна пријава на ДДВ, со цел остварување на правото на одбивка на претходниот данок содржан во залихите на добра наменети за натамошна продажба.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија