Memorandum_mk
22.03.2011
Билатерална средба на даночниците од Македонија и Косово

Скопје – Од 21 до 22 март 2011 година во работна посета на Управата за јавни приходи е четворочлената делагација на косовската даночна администрација предводена од директорот, г-динот Беџет Халити.

Главна тема и интерес на билатералната средба е воспоставување на комуникација и следните чекори на двете администрации поврзани со најавите за склучување на Меѓународниот договор за одбегнување на двојно оданочување или неоданочување меѓу Македонија и Косово.

Имплементираната нова ИТ технологија, критериуми за анализи на ризик и алатки за вршење на инспекциски надзор, услугите и централизирањето на комуникицијата со даночните обврзници преку Контакт центарот, процесот на обработка на податоци и пријави преку посебниот Центар на УЈП, како и новините имплементирани со Проектот за модернизација се само дел од позитивните искуства кои ќе бидат пренесени на косовските колеги.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија