Memorandum_mk
30.10.2010
Казни за 12 крушевски објекти поради неиздавање на фискални сметки

КРУШЕВО - Во контролите во делот на фискализација кои ги спроведе УЈП во текот на денешниот ден/30.10.2010/ во Крушево, констатирано е дека голем дел од објектите во овој мал град не го регистрираат прометот и не издаваат фискални сметки на потрошувачите.

И покрај засилените активности во делот на едукацијата на даночните обврзници и укажувањата од УЈП за почитување на обврските во делот на даночното работење и вршењето на дејноста, даночните контролори констатираа дека 12 објекти (угостители, занаетчии, малопродажба, трговија со текстил...) го кршеле законот, поради што на истите им се изречени глоби, а во 3 случаи деловните простории ќе бидат и затворени. Исто така, утврдено е дека 1 лице вршело нерегистрирана дејност, на кое ќе му биде дододелен даночен број и ќе биде оданочено.

Глобите за неиздавање на фискални сметки изнесуваат 1500 евра во денарска противвредност, а времената забрана за вршење на дејност е во траење од 30 дена.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија