Memorandum_mk
01.09.2010
Нова услуга - ЕЛЕКТРОНСКИ УВИД ВО ДАНОЧНА КАРТИЦА

Oд денес/1 септември 2010 година, Управата за јавни приходи воведе нова услуга за даночните обврзници – Електронски увид во даночна картица.

Услугата e достапна за сите правни субјекти и вршители на дејност кои се корисници на електронските услуги на УЈП, односно за секој даночен обврзник кој ќе се регистрира за користење на системот е-Даноци (http://etax.ujp.gov.mk/)

Електронскиот увид во даночна картица овозможува, во секој момент преку вашиот компјутер, да вршите проверка и да бидете во тек со состојбата на вашите даночни побарувања и обврски кои ги води УЈП, без притоа да морате да доаѓате лично во даночните канцеларии.


За сите дополнителни прашања во врска со новата услуга, постапката за регистрација за е-Даноци, како и пријавување за претстојните обуки кои ќе ги организира УЈП на оваа тема, можете да не контактирате преку:

Инфо центар 0800 33 000

е-пошта: info@ujp.gov.mk

Имплементацијата и развојот на системот за електронско поднесување на даночни пријави, значи создавање на нови можности не само за Управата за јавни приходи, туку и за самите корисници, посебно во услови кога новите технологии стануваат основна поддршка во креирањето на вредностите.
 

Користете едноставни решенија за Вашиот бизнис!

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија