Memorandum_mk
25.08.2010
Нови обрасци за фискализација

Ги информираме даночните обврзници и овластените производители на фискални апарати дека од денес/25 август 2010 година во примена се новите обрасци за фискализација и тоа:

- ФА-01 - Пријава за регистрација на фискален систем на опрема
- ФА-02 - Пријава за промена на фискален систем на опрема (адреса, електронски систем и фискална меморија)
- ФА-03 - Пријава за престанок на регистрација на фискален систем на опрема
- БЗ-01 - Барање за заверка на парагон блок и итна сметководствена книга

Обрасците се редизајнирани и поедноставeни согласно барањата и потребите на даночните обврзници и за истите е овозможено компјутерско пополнување и внес на бараните податоци.

За да ги преземете обрасците во делот на фискализација кликнете тука.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија