Memorandum_mk
23.06.2008
Кочани - Затворени 18 угостителки и малопродажни објекти

Во рамките на планираните активности во делот на надворешната контрола и пријавените неправилности од страна на граѓаните на телефонската линија 198, на 18.06.2008 година на подрачјето на Кочани, Управата за јавни приходи спроведе инспекциски контроли во делот на фискализацијата и примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
Со контролите беа опфатени 39 објекти на даночните обврзници кои обавуваат угостителска дејност, односно вршат малопродажен промет на добра и услуги.
Кај 18 даночни обврзници, Управата за јавни приходи констатира неправилности и непочитување на Законот за регистрирање на готовинското плакање, поради што изречена им е мерка забрана за вршење на дејност во рок од 30 дена и глоба во износ од 1500 евра во денарска противвредност.
 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија