Memorandum_mk
25.05.2010
Извештај на Мисијата на ММФ за постигнатиот напредок во УЈП

Во периодот од 13 до 26 април 2010 година, во работна посета на Управата за јавни приходи претстојуваше експертскиот тим на Мисијата на ММФ.

За време на посетата беше изготвен Извештај со кој е нотиран исклучителниот прогрес кој Управата за јавни приходи го има остварено во услови на особено тешко опкружување, како резултат на глобалната економска криза. Посебно е истакнат делот на имплементацијата на Стратегијата за управување со ризиците во однос на исполнување на даночните обврски, како и реализираниот спектар на структурни реформи постигнат во периодот од 2009 и почетокот на 2010 година.

Извештајот се фокусира и на напредокот во однос на интегрираната наплата на социјалните придонеси и даноците кој овозможи зголемување на приходите во Буџетот на Р. Македонија, намалување на трошоците за доброволната усогласеност на обврзниците и на административните трошоци.

Како посебни остварувања на УЈП се наведени новите методи за надворешна контрола, воспоставувањето на националниот Контакт Центар за услуги на даночни обврзници, зголемениот број на регистрирани обврзници и навременоста на доставување на пријавите.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија