Memorandum_mk
31.12.2009
Нови даночни шалтери во Брвеница и Врапчиште

Ги информираме даночните обврзници дека од 2010 година, услугите на даночната администрација ќе бидат достапни и преку новоотворените Даночни шалтери во Брвеница, за подрачјето на општина Брвеница, и во Врапчиште за подрачјето на општина Врапчиште.

Двата нови даночни шалтери, беа свечено отворени на 30 декември 2009 од страна на раководните лица на УЈП Регионална Дирекција Тетово и локалните власти, градоначалниците на општините Брвеница и Врапчиште.

Преку децентрализацијата на даночната администрација и отворањето на даночните шалтери, основната цел е намалување на трошоците на даночните обврзници и директен пристап до услугите на Управата за јавни приходи и во најмалите општини во Македонија, во самото место на живеење на граѓаните.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија