На 12 ноември 2025 година се одржа состанок помеѓу претставници од Управата за јавни приходи (УЈП) и Американската стопанска комора во Северна Македонија. Главна тема на состанокот беше претстојното воведување на системот за е-фактура – процес кој УЈП го спроведува транспарентно и во партнерство со деловната заедница.
Состанокот го отвори директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, која изрази задоволство од досегашната соработка и ја нагласи важноста за навремена и отворена комуникација со сите засегнати страни.
На средбата беше презентиран процесот на воведување на системот за е-фактура, со акцент на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и намалување на административниот товар за компаниите. Претставниците на Американската стопанска комора дадоа конструктивни предлози поврзани со временската рамка за имплементација, индустриските специфики, поддршката за МСП, усогласувањето со европските практики и техничките аспекти на интеграцијата.
УЈП ја потенцираше својата заложба за транспарентна комуникација и вклученост на деловната заедница во сите фази на процесот. Во таа насока, најавени се дополнителни информативни сесии и работни групи со претставници од бизнис-секторот.
Двете страни се согласија дека континуираната соработка и навременото информирање се клучни за успешна имплементација на системот за е-фактура, кој претставува важен чекор во дигитализацијата на даночните постапки во земјата.