Memorandum_mk
28.02.2025
НОВА УСЛУГА НА УЈП - ЕЛЕКТРОНСКО УВЕРЕНИЕ ЗА СОСТОЈБА НА ОСТВАРЕН ДОХОД

На брифинг со новинарите, директорката Елена Петрова заедно со тимот ја претставија првата целосно дигитализирана услуга на УЈП – „е-Уверение за состојба на остварен доход“!

Услугата е достапна за сите граѓани, вклучително и странци со привремен или постојан престој во земјата, кои се регистрирани корисници на системот „е-Даночни услуги“, како и за корисници кои допрва би се регистрирале на системот. Граѓаните ќе можат да го добијат своето е -Уверение за состојба на остварен доход за минат и за тековен период. 

Придобивките од оваа нова електронска услуга се:

  • Брзо и едноставно издавање на е-Уверение во рок од 5 минути;
  • Без чекање во редови или потреба од физичко присуство во УЈП;
  • Достапно 24/7 преку платформата „е-Даночни услуги“;
  • Потполна сигурност и доверливост, со електронски временски жиг и QR код за верификација на документот.

Со оваа дигитализирана услуга го намалуваме времето и трошоците поврзани со процесот на обезбедување на овој документ и преку лесен и брз пристап до истиот, во секое време. 

Преку платформата „е-Даночни услуги“  услугата е веќе достапна и може да се користи.
 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија