Memorandum_mk
22.02.2025
ПОДНЕСЕТЕ ГИ ДДВ – 04 ПРИЈАВИТЕ НАВРЕМЕ, ИЗБЕГНЕТЕ СТРЕС И ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти февруари (вторник).

До вчера до крај на работниот ден од очекуваните 7.396 ДДВ пријави, поднесени се 1.862 што претставува 25% од вкупниот број на ДДВ – 04 пријави за овој даночен период. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5.534 ДДВ – 04 пријави.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на:
• Е-пошта: info@ujp.gov.mk
• Телефонски броеви:
• 📞 Од фиксна линија: 0800 33 000
• 📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200 

Управата за јавни приходи и нејзините тимови во секое време стојат на располагање за да обезбедат информации со цел успешно исполнување на даночните обврски од страна на даночните обврзници.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија