Memorandum_mk
14.02.2025
ОСТВАРЕНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП М-Р ЕЛЕНА ПЕТРОВА И ЗАМЕНИК АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ДАНИЕЛ ФИЛЕР

Во просториите на Управата за јавни приходи на ден 12.02.2025 година директорката на УЈП м-р Елена Петрова оствари работна средба со Заменик – амбасадорот во Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, Даниел Филер.

На средбата се разговараше за среднорочните и долгорочните планови на УЈП, пришто директорката истакна дека УЈП е силно фокусирана кон остварување на предвидените проекти и проектни активности од Стратешкиот план на УЈП 2025-2027 година „НАПРЕД во чекор со предизвиците и реалните можности“ и Реформската програма на УЈП 2025-2028 година насловена „Транзиција во дигиталниот свет“, и особено го потенцираше фокусот на Управата кон транспарентност во своето работење кон сите засегнати страни, преку различните активности кои досега беа спроведени и плановите за редовно информирање и во иднина.

Заменик амбасадорот Даниел Филер ја истакна важноста за јасно и стабилно окружување за британските компании инвеститори во нашата земја, фирми кои внимаваат на својата репутација. Во таа насока се потенцираше значајноста на тоа компаниите да можат го разберат даночниот амбиент и можните промени во даночната сфера. Исто така, се потенцираше на транспарентноста на реформите кои се случуваат во оваа област.
На крајот, двете страни изразија благодарност за остварената средба и се договорија за понатамошна соработка и меѓусебна комуникација во однос на сите отворени прашања, а во интерес на подобра ефикасност и поголема транспарентност кон даночните обврзници.

   
   

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија