Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 - ми јануари 2025 година.
До денес, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ - 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1% од вкупниот број. Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови.
Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители, со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период.
Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ - 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници.
За дополнителни информации или поддршка, може да се обратите во Контакт центарот на: