Memorandum_mk
10.09.2024
НА ЕГЗИТ И ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР ПЕТ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ЗРГП

Контролите на Управата за јавни приходи за даночна усогласеност продолжуваат и во септември кај објектите на отворено.

Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено односно на манифестациите Егзит во Струмица и Тиквешки Гроздобер во Кавадарци.

Од извршените контроли кај 5 даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и не водење книга за дневен финансиски извештај.

Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.

Работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија