Memorandum_mk
24.07.2024
УТРЕ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИ

   

Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите од даночните обврзници за периодот јуни 2024 (месечни) и април-јуни 2024 (тримесечни) истекува утре 25 јули 2024 година. Досега 76% од даночните обврзници ја исполниле оваа обврска и навреме ја поднеле пријавата ДДВ-04, останува уште 24,6 % даночни обврзници да ја остварат оваа обврска до утре. Управата за јавни приходи уште на самиот почеток на овој месец ги објавуваше бројките на поднесените пријави и упатуваше апел кон даночните обврзници за нивно поднесување.

Поднесувањето е електронско и може да се поднесе во било кој период од денот, а постојаниот мониторинг на системот на УЈП придонесе поднесувањето на пријавите да се одвива без застој. Неподнесување на ДДВ -04 и неплаќање на ДДВ долгот во законски пропишаниот рок создава последици за даночните обврзници од плаќање глоба.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија