Memorandum_mk
22.07.2024
ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ ПО ДДВ-04

Течат последните четири дена (вклучително со денешниот) до истекот на рокот за поднесување, а нешто повеќе од половина од даночните обврзници сеуште немаат поднесена ДДВ пријава до УЈП.

УЈП уште на почетокот на месецов информираше и апелираше за навремено поднесување на ДДВ-04 пријава.
 

Укажуваме да се прифатат досегашните повици од Управата за јавни приходи и да се избегнат последици, со оглед на тоа дека законот пропишува глоба за непостапување, односно неподнесување на даночната пријава во законски пропишаниот рок.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија