Понеделник, 06.02.2012 11:30 - 12:30, Контакт Центар на УЈП (ГТЦ 2-ри кат, над кино Милениум)
Управата за јавни приходи ги поканува претставниците на медиумите на промоцијата на електронските даночни услуги за граѓаните со кои се овозможува поднесување на Годишната даночна пријава до УЈП преку интернет.
Настанот ќе се одржи во Контакт центарот на УЈП, лоциран во Градски трговски центар 2-ри кат (над Кино Милениум), на 06.02.2012/понеделник, со почеток во 11.30 часот.