Среда, 07.12.2011 12:00 - 12:45, Скопски саем, Конгресен центар / Бизнис сала
Управата за јавни приходи ги поканува претставниците на медиумите на промоцијата на новата услуга „Електронски јавни аукции на УЈП http://e-aukcii.ujp.gov.mk/“ со која се воведува нов начин на продажба на движните и недвижните ствари кои биле запленети во постапка на присилна наплата од страна на УЈП.
Настанот ќе се одржи во рамките на програмските активности на саемската манифестација ФИНЕКСПО 2011 (Скопски саем, Конгресен центар / Бизнис сала), на 07.12.2011/среда, со почеток во 12.00 часот.