Memorandum_mk
Обуки е-Даноци – Изберете го полесниот пат, пријавете данок преку интернет!
Вторник, 06.12.2011 - Среда, 28.12.2011, Скопје, Битола, Неготино, Делчево, Гостивар, Македонска Каменица, Гевгелија, Кичево, Прилеп, Охрид, Кратово, Врапчиште, Струга, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово, Тетово, Ресен и Крушево

Ги повикуваме сите заинтересирани субјекти (правни лица, самостојни вршители на дејност, сметководствени бироа) кои досега не ги посетиле обуките за електронско пријавување на даноци преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk/, истото да го сторат во месец Декември.

Обуките за регистрација и користење на системот е-Даноци, кои на даночните обврзници им овозможува поднесување на даночни пријави и увид во даночната картица преку интернет 24/7, се организирани во 19 града/општини низ државата.
Информирајте се кога се одржуваат обуките во вашиот град/општина и пријавете се (види распоред за месец декември подолу)!

Ве молиме вашето учество да го најавите на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуките.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија