Во текот на месец Април и Мај 2009, Управата за јавни приходи во соработка со УСАИД ќе врши едукација на даночните обврзници за користење на електронскиот систем за поднесување на даночни пријави http://etax.ujp.gov.mk.
Целна група: Обуките се наменети за СИТЕ правни лица и вршители на дејност кои имаат обврска за поднесување на даночни пријави до Управата за јавни приходи.
Време и место на оддржување: За месец Април се предвидени обуки во Тетово, Штип и Битола и тоа:
- 09 Април/четврток - Тетово, ЈИЕ Факултет, Бизнис центар (Илинденска бб), од 13:00 до 14:00 часот
- 14 Април/вторник - Штип, Хотел Оаза, од 13:00 – 14:00 часот (покана во прилог)
- 28 Април/втроник – Битола, Хотел Премиер, од 13:00 – 14:00 часот
*времето и локациите за обуките во месец Мај ќе биде дополнително објавено.
Теми:
* Концепт и функционалности на е-Даночни услуги
* Практична презентација на функционалностите на е-Даночни услуги
* Сите заинтересирани субјекти своето присуство на обуките треба задолжително да го најават најдоцна 2 дена пред почетокот на обуките на долунаведените контакти. Учеството е бесплатно!