Memorandum_mk
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ - ОТВОРАЊЕ НА КОНТАКТ ЦЕНТАР НА УЈП
Четврток, 05.03.2009 12:30, УЈП – Контакт Центар (ГТЦ II кат)

Ги покануваме средствата за јавно информирање на отворањето на Контакт Центарот на УЈП, кое ќе се оддржи на 5 март 2009/четврток, во 12.30 часот во Скопје - Градски Трговски Центар (II кат, над Кино Милениум).

Објектот ќе биде свечено пуштен во функција од страна на министерот за финансии, г-дин Трајко Славески и Амбасадорот на Република Турција, неговата екселенција Арслан Хакан Окчал.

Контакт Центарот на УЈП претставува модерен систем на услуга кој обезбедува брза, ефикасна и навремена даночна услуга дизајнирана според потребите на даночните обврзници. Како нова организациона форма истата треба да обезбеди поедноставување на даночните постапки и елиминарање на бирократијата, односно:

  • подобрување на наплатата и доброволно исполнување на даночните обврски
  • зголемување на задоволството кај клиентот
  • едноставен и лесен пристап до даночните информации
  • намалување на потребата од директен контакт со вработените и посета на канцелариите на УЈП
  • олеснување на даночните процедури
  • детектирање на слабостите на внатре-организациските процедури и процесот на оданочување
  • намалување на трошоците на комуникација
Список на учесници
  • Претседател на Турската администрација за развој и соработка – г-дин Али Маскан
  • Раководител на Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци – г-дин Мухедин Авдиќ
  • Министер за финансии – г-дин Трајко Славески
  • Амбасадор на Република Турција во РМ - Негова Екселенција Арслан Хакан Окчал
Лице за контакт
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија