Управата за јавни приходи ги поканува претставниците на медиумите на брифинг на тема „Од 1 мај 2018 – Задолжително закажи средба за користење на услугите на УЈП – Регионална дирекција Скопје“ на кој ќе биде презентиран системот и електронските даночни услуги за закажување на средби на УЈП кој задолжително ќе се применуваат во Регионалната дирекција Скопје од 1-ви Мај 2018 година.
Настанот ќе се одржи на 25.04.2018 година (среда), со почеток во 12.00 часот, во Контакт центар на УЈП (зграда до ЗОИЛ).
По завршувањето на настанот, претставниците на УЈП ќе дадат изјави и ќе одговараат на прашања на медиумите.
Корисни информации
Список на учесници
- Михајло Михаилов – Раководител на Контакт центар
- Мухедин Авдиќ - Раководител на сектор за услуги на даночни обврзници и даноци
- Претставници на медиуми