Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Брифинг за медиуми – „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот”
Вторник, 25.10.2016 10:00 - 11:00, Домот на култура КУМАНОВО

Во пресрет на стартот на обуките за граѓаните на тема:„Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот”, ги покануваме претставниците на средствата за информирање на брифинг кој ќе се одржи во Домот на култура КУМАНОВО, на 25.10.2016 година (вторник) во 10 часот.
Пред почетокот на настанот, претставниците на УЈП ќе дадат изјави и ќе одговараат на прашања на медиумите.

Обуката во Куманово е првата од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во останатите 36 општини низ Република Македонија, со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници, стекнување на знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности.

Корисни информации:

• (19.10.2016) Соопштение „Обуки - Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање на движен и недвижен имот под закуп“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/158)

• (12.10.2016) Соопштение „Пријавете ги приходите од издавање под закуп на движен и недвижен имот“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/570)
 

Список на учесници
  • Претставници на медиуми
  • Мухедин Авдиќ - Раководител на сектор за услуги на даночни обврзници
Лице за контакт
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија