Memorandum_mk
Обуки - Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање на движен и недвижен имот под закуп
Вторник, 25.10.2016 - Понеделник, 28.11.2016, Куманово, Градско, Богданци, Штип, Чашка, Скопје, Берово, Кратово, Дебар, Пехчево, Гевгелија, Макадонски Брод, Крушево, Македонска Каменица, Кичево, Прилеп, Радовиш, Велес, Делчево, Стар Дојран, Битола...

Ги информираме граѓаните дека Управата за јавни приходи од 25 октомври 2016 година отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“. Со обуките кои ќе се спроведуваат во период од еден месец, се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Куманово, Градско и Богданци.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности...
Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.

Период: Од 25 октомври до 28 ноември 2016 година

Локација: Куманово, Градско, Богданци, Штип, Чашка, Скопје, Берово, Кратово, Дебар, Пехчево, Гевгелија, Макадонски Брод, Крушево, Македонска Каменица, Кичево, Прилеп, Радовиш, Велес, Делчево, Стар Дојран, Битола, Охрид, Ресен, Кочани, Струга, Гостивар, Неготино, Демир Хисар, Свети Николе, Пробиштип, Тетово, Кавадарци, Струмица, Крива Паланка, Валандово и Виница.

Организатор: Управа за јавни приходи - Даночна академија

Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.

Целна група: Граѓани - физички лица

Ниво: Општо

Опис на обуката: Еднодневна обука за пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.

 

 
е-пошта: danochnaakademija@ujp.gov.mk
ОБУКА ЗА УСПЕХ!

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија