Ги покануваме претставниците на медиумите на Конференција по повод официјалното отпочнување на ИПА 2010 Проектот на Управата за јавни приходи „Подобрување на услугите на УЈП кон даночните обврзници“, кое ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, на 4ти февруари 2015 / среда, во 11.00 часот.
На настанот излагање ќе имаат Х.Е. г. Аиво Орав, Шеф на делегација на ЕУ, г. Горан Трајковски, Директор на УЈП и Х.Е. г. Рамон Каранза, Амбасадор на Кралството Шпанија. Активностите и целите на Проектот „Подобрување на услугите нa УЈП кон даночните обврзници“ ќе бидат претставени од г. Рамон Доминго Паласиос и Делаго, Проект лидер од Шпанската даночна администрација.