Понеделник, 27.10.2014 10:00 - 12:00, х. Холидеј Ин, Скопје
Ги покануваме претставниците на медиумите на завршната конференција на ИПА проектот „Изработка на Студија за ИТ системот на Управата за јавни приходи“, која ќе се одржи во х. Холидеј Ин Скопје, на 27 октомври 2014 / понеделник, во 10.00 часот.
На конференцијата, која ќе ја отвори Директорот на Управата за јавни приходи г-дин Горан Трајковски, ќе бидат презентирани клучните наоди и препораки на проектот кој обезбедува нова рамка и модели за понатамошно поедноставување и намалување на трошоците на услугите на УЈП и другите државни институции, зголемување на наплатата на јавните приходи, поддршка на реформите на Владата на РМ, како и надминување на препораките на ЕУ за зајакнување на ИТ капацитетите на Управата за јавни приходи.