01.02.2007
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - На 18 декември минатата година се соочив со опасноста дека нема да ја исполнам ДДВ проекцијата за декември и ќе имаме дефицит од 400 милиони денари. Ако сакав, имав многу механизми, изворни македонски, за да ја решам таа ситуација, посебно што имавме три-четири ДДВ поврати (вторник и четврток). На пример, можев да кажам што е вратено-вратено, сега - стоп и пуштаме контроли и бараме ,,рачка,, за да не враќаме повеќе ДДВ, каде потоа би покажал резултати. Има и друг метод - да ги викнам најсилните фирми, да ги седнам во канцеларија и да им речам: Ве молам уплатете ми ДДВ по ”грешка” а јас во јануари ќе ви вратам. Не го направив ни едното ни другото. Одев на ризикот на 31 декември 2006 да ми се појави “џеб”. Со ова сакам да ви кажам дека за 400 милиони не станувам заложник на ниту еден директор кој во моментот ќе ми излезе во пресрет.
На пример, ако го стопирав повратот на ДДВ-то ќе паднеше во вода сe што сме работеле претходните два месеци - демагогија. И не влеговме во минус, дури натфрливме со 102,7%.
|