Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Интервјуа
Година Медиум  

27.04.2007
Црвенковски не плаќа данок за фамозниот стан од 60 квадрати
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УЈП - Директорот на УЈП, Горан Трајковски за една категорија на граѓани од 15 мај ќе биде најомразената личност. Не ќе можете да очекувате дека Бранко Црвенковски или Тоше Проевски ќе му простат што таквите „икони„, таму некојси бирократ, ги посочил како даночни забушанти. Оваа категорија на криминал во ЕУ и САД се смета за најстрашен криминал за кој не следува опрост. Дотолку полошо, ако се работи за ВИП индивидуа. На Горан Трајковски, ете, му припадна честа да ја стратува даночната лустрација по која граѓаните ќе видат од каков материјал бил изграден угледот на многу важни личности, кој се` ни е сиромашен како стечаец, иако живее во палати, располага со бесни автомонили, летува на Сејшели. Многу митови за честитост и углед ќе рокнат во кал. Директорот на УЈП вели дека времето во даночната сфера ќе се мери до и по 15 мај за кога ја најавува листата со ВИП даночни затајувачи. Вели дека црните пари се како настинка - те чешаат и, кога - тогаш, ќе мора да ги искиваш. А даночниците се тука со поставена законска заседа. Управата на чие чело се наоѓа, ќе ни овозможи да видиме каква сиромаштија владее меѓу судиите, професорите, клирот, естрадните уметници, новинарите, докторите, банкарите, деловните луѓе. Од разговорот со него заклучувам дека Трајковски не одговара на стереотип за сувопарен даночник, мрачен и затворен службеник кој нема пријатели ни меѓу своето семејство. Напротив, тој е отворен за комуникација и директен во презентацијата. Не е напорен, не е досаден и не е оптоварен со својата позиција. Тоа покажува дека се работи зёа личност које е сигурна во себе и сосема владее во сферата во која ја гради својата кариера. Може да се рече дека е вистински човек на вистинското место во овој момент кога Македонија треба да стане правна држава.
 
01.04.2007
Крупните риби ќе ги извадиме на суво
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УЈП - Во 2005 година највисоката плата изнесуваше 7 милиони денари, а лицето работи во производствена компанија. Во минатата година, пак, највисоката нето-плата изнесуваше 4 милиони денари. Ја прима човек од компанија што се занимава со трговија и шпедиција. Сепак, сметам дека не е етички да ги откријам нивните имиња. Единствено можам да кажам дека тие работат во некои од најголемите производствени компании.
 
10.03.2007
Затајувачите на даноци се кријат зад непрецизните закони
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УЈП - Директорот на УЈП вели дека законодавецот предвидел се', ама дозволил слонови да ни бегаат.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија