Memorandum_mk
ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ Е НЕЗАМЕНЛИВ РЕСУРС ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
19.07.2024

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова, започна серијата на средби со вработени во Управата за јавни приходи. Првата средба ја одржа со вработените од Регионалната Дирекција Скопје откако претходно ги повика сите вработени од оваа дирекција, кои што имаат интерес да се пријават и да земат учество на истата.

На средбата Директорката истакна дека човечкиот капитал е незаменлив ресурс за функционирање на Управата за јавни приходи. Човечки капитал не се само службениците како ресурс, туку и компетенциите, знаењето и организациската култура, а секако тука влегуваат и мотивацијата и задоволството на вработените од работодавачот. Технологијата може да се купи, ама човечкиот капитал го создаваме сами.

Мој фокус ќе биде континуиран дијалог и одржување добра врска меѓу врвното раководство и вработените во УЈП. Започнав со серија средби со вработените, упатувајќи им претходно повик на сите вработени што имаат интерес – рече Директорката.

Средбите продолжуваат и во наредниот период.

______1_thumb   ______2_thumb   ______3_thumb   ______4_thumb  
 
 
 
 
               
______5_thumb   ______6_thumb          
 
         
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија