Memorandum_mk
ДИРЕКТОРАТА НА УЈП ЛУКАРЕВСКА И ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА ДВЕ КОМПАНИИ
03.02.2023

Директорката на УЈП Сања Лукаревска, заедно со Премиерот, Димитар Ковачевски, денеска беа во посета на компаниите Виталиа кој е голем даночен обврзник и Галениус Фарм - микро даночен обврзник.

Негувањето на партнерски однос со даночно дисциплинираните обврзници е одлика на Управата за јавни приходи. На овој начин заеднички се придонесува за подобра деловна клима и создавање имиџ за меѓусебна доверба и поврзаност.
,,Ги охрабрувам компаниите да продолжат со ова темпо на висок степен на даночен морал и даночна свест, затоа што од исклучителна важност е сите да придонесеме во унапредувањето на добрите приказни што се рамки на бизнис секторот. Оваа компанија 30 години е на домашниот и странски пазар со што активно придонесува во економијата,, - рече директорката Лукаревска.

Премиерот Ковачевски, посочи дека ваквите компании имаат позитивно влијание на растот и развојот на економијата. „Владата креира позитивни политики и затоа успеавме да постигнеме ефикасност на плаќање данок кон државата. Како влада се залагаме за поедноставни процедури, се со цел да изградиме силен и нераскинлив однос со нашите партнери, компаниите. Успешната деловна соработка значи посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните. Минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес. Повратот на ДДВ за 2022 година, изнесува над 727 милиона евра, така дополнително ја поддржуваме ликвидноста и конкурентноста на компаниите. Многу важно е дека го зголемивме и повратот на ДДВ за граѓаните и тоа од 1.800 денари на 2.100 денари по тримесечје“ - изјави премиерот Ковачевски.

Управителката и ко-сопственик на Виталиа истакна дека компанијата вложува know-how во производството на здрава храна и истакна дека лани ја започнале „зелената иницијатива“, со поставување на фотоволтаичен систем за генерирање електрична енергија, и на тој начин обезбедиле значително подобра ефикасност, економичност и заштита на околината. Управителката на заштитното друштво Галениус фарм истакна дека од големо значење се мерките и помошта од државата за развивање на бизнисот кој го водат, кој пак овозможува во него да се вклучат и лицата со инвалидитет.

_______1_thumb   ________2_thumb   ________3_thumb   52666953795_6f255a4cd7_c_thumb  
 
 
 
 
               
52666810709_fe674639b6_c_thumb   ________4_thumb          
 
         
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија