Memorandum_mk
ЛУКАРЕВСКА НА СРЕДБИ СО ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ ОД ВАРДАРСКИОТ И ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН
24.11.2022

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оваа недела продолжи со активностите предвидени во месецот на даночниците, и се сретна со жени претприемачки од Вардарскиот и Пелагонискиот регион.

Претприемачките од Кавадарци, Велес Неготино, Росоман и Градско во вторникот (22.11.2022) на средбата во Кавадарци ја поздравија заложбата за унапредување женското претприемништво и истакнаа дека антикризните мерки како и брзиот поврат на ДДВ позитивно влијаеле врз ликвидноста на нивните компании, побараа мерки кои ќе го поттикнат развојот на женско претприемништво и позитивно ќе се одразат врз економијата а ќе ја развијат и бизнис заедницата.

На денешната средба во Прилеп жените менаџерки од Прилеп, Крушево, Долнени, Кривогаштани, Македонски Брод зборуваа за потенцијалот со кој може да се подобри соработката помеѓу УЈП и бизнис секторот, а во насока на јакнење на капацитетите и дигитализација на услугите. Ги поздравија мерките за раст на плати за вработените кои се реализираа преку УЈП.

Директорката и на двете средби истакна дека токму преку ваквиот директен начин, низ разговор ќе се нотираат потребите кои ги имаат жените претприемачи , со цел подобрување на услугите кои го олеснуваат работењето на бизнис секторот. ,,Со заедничко делување можеме да ги надминеме бариерите и да креираме решенија со цел создавање на поволни услови и подобра деловна клима “. истакна Лукаревска
Досега се остварија седум вакви средби на кој учествуваа над 250 учеснички од различни региони, а средбите ќе продолжат да се одржуваат и во наредните денови.

01_thumb   02_thumb   03_thumb   04_thumb  
 
 
 
 
               
05_thumb   06_thumb   07_thumb      
 
 
     
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија