(Скопје, 15.09.2017) Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставниците на Одделот за фискални прашања - Меѓународен монетарен фонд, Енрико Аав и Крис Барлоу, на која се разговараше за остварениот напредок во модернизацијата на Управата за јавни приходи, а беа дефинирани и областите за идна соработка и техничка помош од Меѓународниот монетарен фонд за зајакнување на капацитетите на даночната администрација на Република Македонија.