(Скопје, 24.11.2016) Од 23 до 25 ноември 2016 година, во хотел Солун, се оддржува ИОТА регионална работилница на тема „Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели“.
Настанот е организиран од страна на Управата за јавни приходи во соработка со Интра-европската организација на даночните администрации (ИОТА), во рамките на Годишната програма на оваа меѓународна организација.
На работилницата учествуваат претставници на даночни управи од 10 земји членки на ИОТА организацијата со 34 учесници, а свои стручни предавања ќе оддржат висококфалификувани лица во делот на форензиката.
Управата за јавни приходи веќе петти пат по ред е земја домаќин на работилници кои се реализираат во соработка со ИОТА организацијата, каде што од 1997 година сме полноправна членка.