Memorandum_mk
Реновирање на Контакт / Повикувачки Центар на УЈП со финансиска поддршка на Европска Унија
16.06.2015

Управата за јавни приходи ја започна имплементацијата на Проектот „Реновирање и адаптација на приземјето на Управа за јавни приходи - Регионална дирекција Скопје со цел да биде новиот Контакт центар / Повикувачки центар на УЈП“, финансиран од Европската Унија.
Со имплементацијата на овој проект треба да се креираат услови за воспоставување на новата работна средина за Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, односно модерен и поголем простор кој ќе овозможи подобрување на услугите и доброволната усогласеност на даночните обврзници за навремено исполнување на обврските, но пред сè зајакнување на партнерскиот однос на Управата за јавни приходи со даночните обврзници.
Реновираниот и адаптиран простор, каде ќе биде лоциран Контакт центарот, треба да обезбеди и услови за воведување на нов пристап на УЈП во давањето на шалтерските услуги. Посебните приемни канцеларии за консултации, новите типови на услуги и итн., треба да овозможат побрз и полесен пристап до даночните информации, како и намалување на времето и трошоците на комуникација помеѓу УЈП и обврзниците.

Ги потсетуваме обврзниците кои се администрираат од Регионална дирекција Скопје, за времетраење на градежните активности, да ги користат електронските услуги на УЈП, како и даночните канцеларии определени според тип / вид на услуга објавени на веб страницата на УЈП (кликни тука).

За повеќе информации преземи флаер „Реновирање на Контакт / Повикувачки Центар на УЈП со финансиска поддршка на Европската Унија“.

Gradezni_raboti_1_thumb   Gradezni_raboti_2_thumb          
 
         
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија