Крводарителската акција на даночниците под мотото „Капка крв, спасува живот“ традиционално се организира трета година по ред во пресрет на одбележувањето на Св. Матеј - Денот на даночниците (29 Ноември) и во рамките на програмите за општествена одговорност на Управата за јавни приходи.
120 даночници даруваа крв на 16 пункта низ Македонија, поставени во центрите за дарување крв во: Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Куманово, Струга, Кочани и еден мобилен пункт за дарување крв во Кратово.
Дарувањето на крв е наша привилегија и надеж дека со еден мал гест на хуманост ќе помогнеме во спасување не нечиј живот...
„Да го чуваме сопственото здравје за да можеме да го подариме на друг“.