Скопје - Управата за јавни приходи во соработка со инструментот за техничка помош и размена на информации TAIEX, во периодот од 20 до 21 март 2014 година во Хотел Арка, одржа Работилница на тема „е-Услуги, ДДВ и е-Фактури“.
За време на дводневната работилница, преку презентации и практични примери на експертите од даночната управа на Република Италија, претставниците од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи имаа можност да се запознаат со начинот на воведување и имплементација на е-фактурите, со позитивните и негативните ефекти од нивната примена и начинот на спроведување на даночните контроли во земјите членки на ЕУ.