Скопје – На 5 октомври 2012 година во посета на Управата за јавни приходи беа група на ученици од Средношколска академија за бизнис и администрација (САБА). На оваа посета учениците имаа можност да се запознаат со структурната организација на УЈП, законите според кои се раководи, со даноците и другите јавни давачки кои се во надлежност на Управата за јавни приходи, како и со работењето на Контакт центарот.