Скопје - Управата за јавни приходи, во соработка со Интра – европската организација на даночни администрации (ИОТА), беше домаќин на работилница на тема: „Хоризонтален третман – Нови форми и искуства за унапредување на односите помеѓу даночните администрации, даночните обврзници и даночните посредници“ која се одржа во периодот од 30 ноември до 2 декември 2011 година.
На настанот учествуваа 35 претставници од 20 земји земји членки на оваа меѓународна организација.
Работилницата овозможи размена на искуство и најдобри практики помеѓу даночните админстрации преку презентирање на поставеноста на хоризонталниот третман и мониторинг во Холандија, Словенија, Ирска, Италија, Шведска и Швајцарија.