Охрид – Од 25 до 26 ноември 2011 година, се одржа Работилницата на тема „Зголемување на даночната култура во Р. Македонија преку ефикасна комуникација на УЈП и медиумите“. На настанот, реализиран во рамките на „Проектот за даночна реформа“ (ЕУ ИПА 2007), учествуваа новинари од 15 медиуми и претставници на раководството на Управата за јавни приходи, кои преку дискусија, размена на сопственото искуство и искуството на странските даночни експерти, ги дадоа и препораките како да се унапреди меѓусебната комуникација помеѓу УЈП и медиумите, а се со цел подобро информирање на јавноста и зголемување на даночната култура во Р.М.