Memorandum_mk
Од 1 јануари 2010 – Шеесет нови даночни обврзници кои ќе ги администрира ДГДО
25.12.2009

Од 1 Јануари 2010 година, во надлежност на УЈП - Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) ќе припаднат уште 60 нови даночни обврзници, односно вкупниот број на големи даночни обврзници кои ќе ги администрира Дирекцијата од следната година ќе изнесува 235 компании.

По тој повод, на 24 декември/четврток/ во просториите на ДГДО се оствари средба со претставниците на новите даночни обврзници, на кои им беше презентиран начинот на работа и активностите на Дирекцијата.

Во насока на успешна соработка, ефикасна комуникација и обезбедување на квалитетна услуга од страна на Управата за јавни приходи, за секој поединечен даночен обврзник назначено е посебно лице од УЈП/советник за услуги кое ќе биде одговорно и достапно да одговори на барањата и потребите на клиентот.

Второт проширување на листата и изборот на нови компании се врши врз основа на резултатите од работењето на даночните обврзници и основните критериуми за оставрениот вкупен приход, бруто-промет или финансискиот резултат, односно партиципацијата во даночниот - приходен дел во Буџетот на Република Македонија.

Краток историјат за ДГДО

Посебниот систем за работа со големите даночни обврзници во Македонија е воспоставен во октомври 2006 година, по препорака на ФАД Одделот на Меѓународниот Монетарен Фонд. Како нова организациона единица во рамките на УЈП, Дирекцијата за големи даночни обврзници е основана и работи согласно позитивните искуства и практики имплементирани во модерните даночни администрации.

Во 2006 година, бројот на даночни обврзници кои ги администрираше ДГДО изнесуваше 133. Првото проширување е направено со вклучувањето на нови 44 даночни обврници од 01.01.2008 година.

На листата на најголеми даночни обврзници под капата на ДГДО се вбројуваат компаниите од секторот нафтена индустрија, енергетскиот сектор, од металургискиот сектор, понатаму сите банки, осигурителни и лизинг компании во Македонија, позначајните странски инвестиции, како и компании кои вршат општествено значајни дејности и јавни претпријатија и други компании.

Во досегашното постоење на ДГДО практично се потврди дека издвојувањето на големите даночни обврзници во посебна дирекција, обезбедува поголем квалитет на услугите кон даночните обврзници, унапредување на партнерскиот однос со даночните обврзници во насока на доброволно исполнување на даночните обврски, и најважно поголема грижа за права на даночниот обврзник во Македонија.


Други корисни информации

Dscn0106_thumb   Dscn0107_thumb   Dscn0043_thumb   Dscn0054_thumb  
 
 
 
 
               
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија